Почетна

Чекор кон кариера од соништата

Избери ја твојата можност

1

Корисници

0

Објавени огласи

12

Превземени темплејти

10

Искористени можности

Категории

1
работодавачи / бизнис ангели
0
стартапи
0
кандидати

Искуства

Бисера Батаклиева

Декра - Човечки ресурси

Вработените во компанијата беа посветени на својата работа и го користеа секој слободен момент за да ми помогнат да разберам што значи да се работи во човечки ресурси. Беше прекрасно искуство, жал ми е што беше само на еден ден.

Борјан Кочковски

Konrad Adenauer Stiftung - Асистент

Научив како во КАС пишуваат извештаи за извршени проекти, а веројатно така се прави и во кои било организации. Во споредба со еден училишен ден имав можност да запознаам нови луѓе, да научам нешто што не би имал прилика да го научам зад училишната клупа.

Катја Какуринова

Scoop - Продавач на сладолед

Сакав да се запознаам со голем број на амбициозни врсници кои сакаат да го докажат нивниот недоволно искористен потенцијал и да научат нешто ново кое ќе им служи за понатаму во животот.

Нина Дуковска

Тропик Белеца - Козметичар

Научив дека е одличен проект со уникатен концепт каде што можеш навистина да стекнеш практични вештини и мало искуство.

Сара Јованова

Бучим - Раководител на служба за финансии и сметководство

Јас учам во гимназија, каде знаењето е фокусирано на теоријата и немаме можност за практична примена на истото, додека Social day беше настан каде што преку работење на вистинско работно место во една опуштена атмосфера научив многу нови работи и ги применив знаењата стекнати на часовите по економија и бизнис и претприемништво со тоа и дополнително го развив интересот за економските науки.

Ангела Фенева

Бучим - Диспечерство и геологија

Беше едно од моите најдобри животни искуства. Имавме за можност да работиме на позициите што ни беа поставени, но се разбира ни дадоа за можност да волонтираме и во деловите во кои нашите интереси се насочени.

Лила Мирчевска

Тинекс - Асистент

Научив дека секоја работа има свои предности и маани. Дефинитивно беше поразлично од мојот нормален ден на училиште - се чувствувам како да добив мал sneak peak во вистинскиот живот.

Миа Анастасова

Бучим - Раководител на дирекција

Дефинитивно ден кој ќе ми остане во сеќавање. Многу се забавував и многу нови работи научив во областа на рударството, а секако и во областа на логистиката и комерцијата.

Најнови огласи